Познати брендови по достапни цени во Sport Vision Outlet Extra

SV_1

Најпознатиот ланец за спортска опрема во нашата држава, Sport Vision, го отвори најголемиот аутлет во Македонија.

Новиот Sport Vision Outlet Extra е опремен со повеќе од 50 светски спортски брендови и се простира на големина од 700 квадратни метри, на кои на сите спортски љубители им се достапни над 50.000 спортски производи.

Големото отворање на најголемиот аутлет, кој што се наоѓа на ул. 3-та Македонска Бригада бр.1, спроти висококатниците во Аеродром, беше проследено со целодневна забава која го разигра обичното секојдневие на Скопјани. Посетителите наидоа на вистинско воодушевување од понудените спортски светски брендови и од достапноста на производите со прифатливи намалени цени на кои имаше и специјален попуст од 20% на постоечките аутлет цени.

SV_IMG_1204

Facebook Коментари