Шпанија
Позната сумата за која Реал може да го врати Нико Паз во своите редови

Нико Паз брзо ја воодушеви фудбалска Италија со своите натапи во дресот на Комо, а забрзаниот раст на најважната фудаблска сцена на чизмата направи да биде секојдневно следен и од неговиот доскорашен клуб.
Реал Мадрид го продаде младиот Аргентинец на Комо со опција да го откупи во наредните три сезони, па во период кога доста се зборува за него експресно враќање во шпанската престолнина, во јавноста се споделија и детали од неколкуте клаузули.
„Кралскиот клуб“ не го губи офанзивниот фудбалер од око и планира да го врати кога ќе се оформи како целосен фудбалер, а тоа може да го направи за навистина симболична сума на пари.
Доколку реши да ја активира првата клаузула следново лето, Реал ќе го врати Нико за сума од 8 милиони евра, но ништо повисоки не се ниту клаузулите во наредните две години.
Реал има откупна клаузула од 9 милиони евра за 2026-та година, додека во 2027-ма може да го врати Аргентинецот за 10 милиони евра. Во меѓувреме, добро познато е дека Реал задржа 50 процени од првата за потенцијална продажба од Комо, но какошто стојат работите, тоа нема да се случи.
Нико е убедливо најдобар играч во тимот на Сеск Фабрегас од стартот на сезоната, а вчера го постигна шестиот гол на натпреварот против Фиорентина.
-
Формула 19 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија18 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Италија18 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони22 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија21 час
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Луд меч на Муричи во Шпанија: Си даде автогол, промаши пенал, па донесе победа за Мајорка во 97 минута (ВИДЕО)