Поврзете се со нас

Англија

Позната судбината на Артета откако Арсенал за прв пат по цели 26 години нема да игра во Европа

Објавено

на

Тимот на Арсенал фати вистинска удолница годиниве наназад, а драстичниот пад доживеа кулминација оваа сезона која ќе биде една од најнеуспешните во историјата на клубот.

„Топчиите“ за прв пат по 1995 година ќе останат без настап во Европа откако вчера и дефинитивно ги загубија шансите за такво нешто по елиминацијата од Вилјареал од Лига Европа.

Младиот стратег на „топчиите“, Микел Артета се наоѓа пред огромен притисок, но како што стојат работите тој нема да добие отказ од клубот и ќе остане во Арсенал и следната сезона.

Сепак, ќе треба да направи навистина многу доколку сака да остане тренер на Арсенал и цела следна сезона. Клучен ќе биде стартот на сезоната, па евентуален лош почеток на клубот и дефинитивно ќе значи крај за Артета на кормилото на Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни