Поврзете се со нас

Англија

Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо

Објавено

на

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо од вчера и официјално повеќе не е тренер на тимот на Тотенхем од кој доби отказ по серијата лоши резултати оваа сезона.

Дел од медиумите објавија дека Мурињо добил отказ затоа што не се согласил со Леви околу учеството на Тотенхем во новата Супер лига, но набргу овие написи беа демантирани.

Сега познатиот спортски медиум „Еуроспорт“ пишува дека Даниел Леви се одлучил да го отпушти Мурињо затоа што верувал дека доколку тој остане во клубот ќе се случи вистински фудбалски егзодус.

Имено, Леви сака да ги задржи Хари Кејн, Деле Али, Иго Лори и Герет Бејл, а според „Еуроспорт“ останувањето на Мурињо на клупата ќе значело крај на таквите надежи за првиот човек на Тотенхем.

Наводно, Леви стравувал дека клубот ќе изгуби дури десет од своите најдобри фудбалери доколку Португалецот остане на клупата, па токму затоа се решил да му даде и отказ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни