Поврзете се со нас

Шпанија

Позната комуникацијата на Мбапе и Перез: Ти ги уништија детските соништа!

Објавено

на

Килијан Мбапе сепак реши да остане во редовите на ПСЖ и да ги фрли во вода сите шпекулации поврзани со неговиот „сигурен“ трансфер во Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец денеска потврди дека решил да го продолжи престојот во Париз, а „Ел Чирингито“ ја објави содржината на пораката со која му ја соопштил веста на Флорентино Перез.

Мбапе лично го информирал Перез дека нема да се пресели во Реал, а добил и зајадлив одговор од претседателот на шпанскиот клуб.

– Ве известувам дека решив да останам во ПСЖ. Би сакал да ви заблагодарам за можноста која ми ја дадовте да се преселам во Реал, клубот за кој навивам од дете. Се надевам дека ќе го разберете моето решение и ви посакувам се најдобро во Лигата на шампионите, – напишал Мбапе, а одговорот на Перез бил краток.

– Ти посакувам се најдобро, жалам за она што се случуваше изминатите денови, ти ги уништија детските соништа, – одговорил претседателот на Реал.

Мбапе ја потврди верноста кон ПСЖ и порача: Заедно ќе направиме магија во Париз!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни