Италија
Позната италијанска мафија му се заканувала и изнудила пари од Гатузо
Џенаро Гатузо успеа да го стабилизира Марсеј и ситуацијата изгледа далеку подобро на „Велодром“, но Италијанецот во последно време се соочил и со многу проблеми во приватниот живот.
Како што известува италијанскиот медиум „Il Fatto Quotidiano“, популарниот Рино се соочил со закани и уцени од познатата мафија „Ндрангета“, која важи за најозлголасена во регионот во Калабија, а која на нелегален начин се обидела да изврши притисок врз семејството на познатиот фудбалер, а сегашен стручњак.
Познатиот медиум информира дека сестрата и таткото на Гатузо биле уценувани за да остапат имот кој сакал да го користи мафијата, па Рино морал да се вмеша во целата ситуација и да бара решение на легален начин.
Во целата ситуација која траела неколку месеци, мафијата запалила два автомобила на сестрата на Џенаро со цел да го заплаши целото семејство, а откако полицијата привела двајца од сторителите, било откриено дека било барано изнуда и во висина од 80 илјади евра.
Познатиот Џенаро искористил свои конекции за да го намали притисокот и платил симболичен дел од споменатата сума за да се смират криминалците, кои според „Il Fatto Quotidiano“ од тренерот на Марсеј добиле од 3 илјади до 10 илјади евра.
Рино засега не сака да одговара на прашањата на оваа тема и повиците кои ги има од познатите италијански новинари, но јасно е дека полицијата се уште го истражува случајот и максимално соработува со Франческо и Ида Гатузо, таткото и сестрата на Џенаро.
-
Светски првенства16 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија12 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
ВТА17 часа
Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)
-
Шпанија15 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
Англија14 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Англија23 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Светски првенства3 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
АТП24 часа
Домашен тенисер го предизвика Синер, па ја почувствува силата на Италијанецот (ВИДЕО)