Позната е цената на билетите за мечот меѓу Вардар и Пјуник

micevski

Македонскиот вицешампион Вардар ќе брка негатива од 1-0 на реваншот против Пјуник од квалификациите за Лига Европа кој се игра на националната Арена „Филип Втори“ во четврток од 19 часот, а за таа цел му се потребни неговите навивачи кои треба да му дадат максимална поддршка.

Сите оние кои ќе сакаат тоа да го направат ќе можат да дојдат до билет од понеделник кој ќе чини 100 денари за сите трибини. Поради тоа што има меч од ЛЕ во вторник на Националната Арена „Филип Втори“, билетите во понеделник и во вторник (16 и 17. јули) ќе се продаваат само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, додека пак среда и четврток (18 и 19 јули) влезници ќе можат да се купат само на билетарницата на нашиот најдобар стадион и тоа во периодот од 10 до 18 часот.

Воедно до билет може да се дојде онлајн и на www.ticketplus.mk.

 

Facebook Коментари