Познат „возниот ред“ за следната сезона во Премиер лигата: Уште на стартот големо дерби (Фото)

matic

Денеска и официјално беше објавен распоредот на натпреварите за сите 38. кола во англиската Премиер лига.

Вчера во јавноста проструи еден распоред за првото коло, но сепак тој испадна како неточен, па така уште на стартот ќе видиме едно големо дерби. Имено, „ранетите“ Манчестер Јунајтед и Челси ќе се соочат во најинтересниот дуел од првото коло во Премиер лигата.

Бранителот на титулата, Манчестер Сити ќе има незгодно гостување кај Вест Хем, додека Ливерпул ќе ја отвори натпреварувачката сезона со натпревар против новиот премиерлигаш, Норвич.

Арсенал ќе гостува кај Њукасл, додека Тотенхем ќе ја пречека Астон Вила.

Facebook Коментари