Поврзете се со нас

Италија

Познат унгарски медиум го најави трансферот на Бобан Николов во Серија А

Објавено

на

Познатиот унгарски медиуми „csakfoci.hu“ предмалку објави рекапитулација на трансфер активностите на сите клубови од тамошното првенство.

На порталот осамна вест во која може да се видат комплетираните трансфери на играчите, но и оние кои допрва се очекуваат да се комплетираат.

Така, во таборот на Мол Види каде играат македонските репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу беше посочено името на Николов како еден од играчите од кои се очекува заминување од клубот.

Имено во секцијата „Играчи кои се очекува да заминат“ се најде името на Николов за кој е посочено дека би можел да направи трансфер во Џенова каде што игра Горан Пандев.

За вакво нешто меѓу редови говореше и самиот играч уште пред неколку месеци, па јасно е дека ваков трансфер и тоа како е можен.

Што се однесува до другите македонски интернационалци поврзани со унгарските клубови, името на Арјан Адеми се најде во можните засилувања на Ференцварош, додека Бојна Миовски и официјално е дел од МТК.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни