Свет
Познат шпански експерт: Перез ја соопштил конечната одлука на Мбапе пред играчите на Реал

Потписот на Килијан Мбапе се претвори во вистинска шпанска сапуница и предизвика драма која носи нова епизода секој нов ден, па така трпението почнаа да го губат и угледните медиуми од Мадрид.
Неизвесноста и неодлучноста која ја презентира Мбапе ги натера угледните „Марка“ и „АС“ да гледаат сценарио при кое Французинот не пристигнува во Реал Мадрид и покрај тоа што првично даде зелено светло за трансфер, а иако се очекува конечниот одговор да го добиеме до крајот на викендот, еден познат шпански експерт од сигурни извори тврди дека во Мадрид веќе го знаат одговорот.
Новинарот Гилјем Балаг вели дека последните информации одат во полза на ПСЖ, односно Мбапе решил да ја прифати подобрената понуда од актуелниот клуб и одново да го одложи трансферот во Реал Мадрид.
– Само што добив информација дека Флорентино Перез им кажал на играчите на Реал дека Мбапе не доаѓа во Мадрид. Да видиме што ќе каже самиот Мбапе пред да потврдиме билошто на оваа тема, – гласи објавата на Балаг.
Во последните неколку часа, од Франција и Шпанија пристигнуваат различни информации за конечната одлука на Мбапе, кој всушност ги прифатил двете понуди кои му ги доставиле двата клуба и сега ќе мора да пресече и да избере само една.
I have just been told that Florentino Pérez has told the players tonight in the changing room that Mbappé is NOT coming
Let's wait to hear what Mbappe has to say before we confirm anything
— Guillem Balague (@GuillemBalague) May 20, 2022
Мајката на Мбапе со официјално соопштение: Имаме договор со Реал Мадрид, но имаме договор и со ПСЖ
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 24 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Италијапред 23 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот