Македонија
Познат распоредот за првото коло во Првата лига , „вечното дерби“ на програмата веќе во третата рунда
Денеска во Кошаркарската Федерација на Македонија се состанаа 12-те претставници на прволигашите, а откако беа извлечени редните броеви, стана јасно како ќе изгледа првата рунда во новата сезона.
Добиените редни броеви надополнети со Бергеровиот систем експресно го дадоа ликот на првото коло во новата сезона, но во продолжение беше извлечен и целиот распоред.
Бранителот на титулата МЗТ Скопје во воведното коло ќе отвори против Шкупи на домашен терен, веќе во второто ќе има голема дерби пресметка против Еурофарм Пелистер, а интересно во третото е „вечното дерби“.
Работнички ќе го пречека МЗТ на домашен терен во третата рунда, додека тимот од центар новата сезона ја почнува против екипата на Феникс 2000.
Двојки за првото коло во Првата лига:
Тиквеш – Пелистер
Вардар – Гостивар
Работнички – Феникс 2010
ТФТ – Куманово
МЗТ Скопје – Шкупи
Чаир 2030 – Кожув
Првенството стартува викендот на 5 и 6 октомври, а претходно во Суперкуп пресметката силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Пелистер на крајот на месец септември.
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 16 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 18 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 16 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 13 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 15 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)