Поврзете се со нас

Англија

Познат распоредот за првите три кола по рестартот во Премиер лигата, 2. јули е датумот означен со црвено (Фото)

Објавено

на

Премиер лигата изготви план за рестарт на сезоната повеќе од јасно е дека Англија ќе добие нов фудбалски шампион, па ова попладне, беше доставен и распоредот на натпревари за првите три кола по пауата која ја предизвика короанвирусот.

Возбудувањата ќе започнат на 17-ти јуни, ден за кој е резервирано и големото дерби меѓу Манчестер Сити и Арсенал, а кој ќе биде отворен со дуелот меѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед.

Ливерпул е на две победи од потврдување на првата титула во Премиер лигата по пауза од цели 30 години, а избраниците на Јирген Клоп ќе започнат со дуел против лутиот градски ривал Евертон на „Гудисон парк“. Доколку победи на овој дерби меч, Ливерпул ќе биде само на три бода од трофејот, што може да значи дека на големото дерби против Манчестер Сити би пристигнал како првак.

Натпреварот е закажан за третото коло од рестартот на сезоната, или поточно за 2-ри јули на „Итихад“ стадионот во Манчестер.

Воведното коло ќе ни донесе уште едно големо дерби меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, кое треба да даде одговор кој тим ќе влезе подобро во битката за четвртото место на табелата до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни