Лига на шампиони
Познат распоредот за ЛШ, најавени две дерби средби меѓу поранешни шампиони во првото коло
УЕФА денеска го објави комплетниот распоред за натпреварите од главната фаза на Лигата на шампионите, која годинава се игра според нов формат и без класични групи.
Секој учесник има по осум противници, а по комплицираната ждрепка реализарана со помош на компјутерски алгоритам, УЕФА денеска ги потврди и датумите и домаќините за сите натпревари до крајот на следниот јануари.
Во првото коло ќе се игра три дена, односно од вторник до четврток, а според имињата се издвојуваат два натпревара во кои ќе се сретнат поранешни европски шампиони.
Манчестер Сити на 18. септември ќе го пречека Интер во реприза од финалето во 2023 година, додека еден претходно, на „Сан Сиро“ ќе се сретнат Милан и Ливерпул.
Нашите интернационалци ќе имаат тешки гостувања со своите клубови, па Динамо на Ристовски и Адеми започнува со гостување кај Баерн, Елмас со Лајпциг гостува кај Атлетико Мадрид, додека Џирона на Бојан Миовски оди во Париз на соочување со ПСЖ.
Сите натпревари од последното коло ќе се играат на 29. јануари од 21 часот.
-
Италијапред 20 часа
Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!
-
Балканпред 20 часа
Мурињо за бомбастичното засилување на Галатасарај: Имам само еден проблем со него
-
Светпред 22 часа
Симиќ меѓу најефикасните за Прат во Купот на Шпанија
-
АТПпред 19 часа
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 18 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
Шпанијапред 21 час
Слика на денот од САД: Меси во обележја на Интер Мајами, но Барселона се уште му е во срце (Фото)