Поврзете се со нас

Европски првенства

Познат распоредот на баражот за ЕП, три репрезентации ќе се најдат на завршниот турнир (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EURO2024

Хрватска беше последниот (21-ви) патник кој директно се пласираше на Европското првенство преку квалификациите, а уште во прв момент беше познато дека уште 12 селекци ќе бркаат билет за континенталниот турнир преку баражите.

Системот на одигрување е идентичен како оној што беше за Светското првенство, односно баражите се состојат од две полуфиналиња и едно финале, но 12-те селекции се поделени во три групи.

Денешната ждрепка која се одржа во УЕФА ни го донесе изгледот на костурите во сите три групи, а најквалитетните селекции се во групата А.

Победникот од полуфиналето меѓу Велс и Финска ќе биде домаќин во финалето на победникот од пресметка меѓу Полска и Естонија, додека во групата Б, Босна ќе игра полуфинале со Украина.

Победникот од оваа пресметка во финалето ќе игра против Израел или Исланд, а во групата Ц ќе се бара најдобриот од селекциите на Грузија, Луксембург, Грција и Казахстан.

Победникот од Грузија-Луксембург ќе има мала предност во финалето, бидејќи една од овие селекции ќе биде домаќин на подобриот од дуелот Грција-Казахстан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни