Официјално: Познат наследникот на Лопетеги на селекторската позиција во Шпанија

aspas-spanija

Од Шпанската фудбалска федерација штотуку објавија дека легендарниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Јеро ќе ја предводи репрезентацијата на Мундијалот во Русија.

Досегашниот селектор на Шпанците, Хулен Лопетеги заработи отказ од оваа позиција по само 24 часа откако беше обелоденето дека по крајот на Светското првенство ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

Од фудбалскиот сојуз на Шпанија најавија официјална прес конференција која ќе се одржи на стадионот во Красондар со почеток од 17:30 часот.

 

Facebook Коментари