Балкан
Познат поранешен хрватски репрезентативец приведен затоа што и се заканувал на сопругата дека ќе ја убие
Огнен Вукојевиќ важи за еден од најпознатите хрватски репрезентативци од поновата историја.
Играчот од средниот ред остави длабока трага со неговите настапи во дресот на украинскиот Динамо Киев, а во кариерата има настапи и за најпознатиот хрватски клуб, Динамо Загреб.
Во текот на неговата играчка кариера, Вукојевиќ беше редовен хрватски репрезентативец и беше незаменлива алка во средината на теренот на „коцкестите“.
Уште како фудбалер важеше за многу пргава личност, а дека не е таков само на теренот покажуваат и неговите се почести испади во јавноста.
„Јутарњи лист“ денес објави дека Вукојевиќ бил приведен откако и се заканувал на сопругата дека ќе ги убие неа, нејзината мајка и нејзината сестра. Некој од семејството ја пријавил заканата, па Вукојевиќ веднаш бил уапсен.
Полицијата извршила претрес во неговиот дом за да се пронајде можното оружје со кое Вукојевиќ сакал да го стори делото.
Огнен Вукојевиќ во моментов е селектор на у-20 репрезентацијата на Хрватска, но којзнае дали ќе остане уште на оваа позиција по овој скандал кој го режираше и кој ја потресе цела земја.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 21 час
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик