Поврзете се со нас

Македонија

Познат наследникот на Петровиќ: Тренер со НБА искуство ќе го води Пелистер

Објавено

на

foto:x.com/ABA_League2

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер експресно го реши прашањето околу наследникот на Александар Петровиќ.

Петровиќ си поднесе оставка по поразот од Куманово, оставка која беше прифатена, па „зелено-белите“ веднаш се впуштија на пазарот и веќе договорија кој ќе биде новиот предводник на екипата.

Имено клубот од Битола ќе го води искусниот Ненад Трајковиќ, 63-годишен стратег кој освен на Балканот има работено и во Иран, Шпанија, Русија, Италија, Летонија, Белгија, но и во НБА лигата каде бил асистент во Кливленд Кавалирс и Феникс Санс.

Дебито на новата функција ќе го има в сабота против Гостивар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни