Светски првенства
Познат комплетниот распоред за квалификациите: Отвораме против Романија, Германија ќе гостува во Скопје на државен празник! (Фото)

По вчерашната ждрепка во Цирих на која ги дознавме нашите пет противници во квалификациската група за Светското првенство во Катар, денеска одговорните луѓе на ФИФА го објавија и целосниот распоред за одигрување на натпреварите на стариот континент, а нас секако најмногу не засегаше редоследот на натпревари во групата Ј.
Објавениот календар ни ги откри сите денови и саатниците во кои ќе се играат натпреварите, по што стана јасно дека Македонија ќе ги стартува квалификациите против Романија на гостински терен на 25-ти март наредната година во 20:45 часот, а истите ќе ги завршиме против селекцијата со која според прогнозите треба да се бориме за второто место во групата.
Македонија ќе го пречека Исланд на домашен терен во последната квалификациска рунда на 14 ноември 2021-ва година во 18:00 часот, а две рунди претходно, македонската јавност за првпат ќе ужива во еден дуел со четирикратниот шампион Германија на домашен терен.
Интересно, Германија ќе гостува во Скопје на државен празник, односно на 11 октоври наредната година кога традиционално се слави „Денот на востанието“.
На „панцирите“ ќе им гостуваме во Германија на 31-ви марти во 20:45 часот во рамките од третото квалификациско коло, а претходно во второто ќе играме против Лихтенштајн на домашен терен (28 март) по најавената премиера против Романија.
Од четвртото до седмото ќе играме против Ерменија, Исланд и Романија пред празничниот дуел со Германија, а за крај на ќе играме против Ерменија на 11-ти ноевмври и против Исланд на домашен терен на 14-ти истиот месец.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)