Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Познат коментатор ја шокираше јавноста: Капитенот на Бешикташ е премногу грд, не смее да игра во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Ајакс ја продолжи својата доминација во групата Ц во Лигата на шампионите и стигна до пет од пет на вчерашното гостување во Турција, на кое тимот на Тен Хаг го победи Бешикташ со 1:2.

Холанѓаните ја оправдаа фаворитската улога и покрај тоа што немаа императив за освојување бодови, но наспроти тоа, во фокусот се наје и една реакција на познатиот холандски коментатор.

Искусниот Зирд Де Вос ја шокираше јавноста со својот коментар за капитенот на Бешикташ, во моментите кога двајцата капитени си ги разменуваа обележјата пред почетокот на мечот.

Домагој Вида доби запрепастувачки навреди од страна на холандскиот коментатор, чија иднина на работната позиција сега е неизвесна и се очекува да добие суспензија од телевизијата.

– Вида не смее да игра во вечерниот термин во Лигата на шампионите бидејќи е премногу грд, и деца гледаат телевизија. Бешикташ мора да бара и посебна дозвола за негово играње, – гласи коментарот на Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни