Познат карактерот на повредата на Кари

kari-sednat

Стеф Кари ги исплаши фановите на Голден Стејт Вориорс откако го свитка зглобот на натпреварот против Њу Орлеанс, а веднаш по средбата биле направени снимки за да се утврди карактерот на повредата.

Американските медиуми пренесуваат дека вестите за Кари не биле многу лоши, односно тој не предизвикал поголемо оштетување на зглобот, туку само помало извиткување и тоа ќе донесе краток одмор, а не подолга пауза како што беше најцрното сценарио.

Кари сигурно ќе го пропушти натпреварот против Шарлот Хорнетс, а лекарскиот тим на „воините“ ќе одлучи кога тој ќе може да се врати во составот.

Facebook Коментари