Поврзете се со нас

Италија

Познат италијански стратег седна на кормилото на „фенерџијата“ во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

Најслабата екипа во Серија А, Кротоне направи промена на тренерската позиција и на местото на Џовани Стропа го назначи 62-годишниот Серсе Косми.

Косми е тренер кој долго време е во италијанскиот фудбал, а неговите најдобри, најзначајни резултати дефинитивно се во првиот мандат во Перуџа во периодот од 2000 до 2004 година.

Тогаш овој клуб го освои Интертото Купот на УЕФА, период во кој блескаа играчи како Матераци, Миколи, Гросо, Наката, Ливерани…

-Имам добро чувство. Горд сум што ја преземам оваа одговорност. Мојот персонал и јас сме среќни што го живееме ова патување. Ја знаеме ситуацијата, но имаме ентузијазам и Кротоне е важен клуб.

– Воодушевен сум, ми недостасуваше Серија А. Благодарен сум на претседателот и на оние кои сакаа да станам нов тренер на овој тим, -порача Косми кој доби договор до крајот на оваа сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Crotone (@fccrotoneoff)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни