Поврзете се со нас

Европски првенства

Познат италијански новинар жестоко му одговори на Де Брујне: Размазено детиште (Видео)

Објавено

на

Кевин Де Брујне сериозно се налути по едно новинарско прашање и го сфати истото како директна провокација, па откако даде одговор, на заминување порача дека човекот кој го поставил истото е „глупав“.

Ова видео брзо се прошири на социјалните мрежи и беше пренесено од угледните европски медиуми, со тоа што Италијанците открија дека станува збор за нивни новинар.

Прашањето поврзано за неуспешната „златна генерација“ на Белгија го поставил познатиот новинар Танкреди Палмери, кој за волја на вистината, не му останал должен на Кевин на социјалните мрежи.

Откако белгискиот капитен го нарече глупав, Палмери откри дека за неговите зборови дознал од видеата на социјалните мрежи, по што реши да одговори со дрска порака.

– Де Брујне ме нарече глупав. Еј, Кевин, мал потсетник за тебе: Златните генерации кои ги спомена – Франција, Англија, Германија и Шпанија….. Сите стигнаа барем до финалето! Типичен фудбалер кој не сака прашања кои не му одат во прилог. Размазено детиште, – порача Палмери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни