Познат италијански новинар исфрлен од ложата на натпреварот меѓу Реал и Јувентус поради… (Видео)

Mino Taveri

Исклучувањето на Џанлуџи Буфон од страна на судијата Мајкл Оливер донесе дополнителен хаос и во онака непријателската атмосфера која настана по пеналот кој беше досуден за Реал Мадрид во 93-та минута, а со оглед на епилогот и значењето кое го имаше овој момент, не е никакво чудо што денешниот ден е преплавен од коментари за оваа спорна ситуација.

Реакциите меѓу фудбалските фанови се поделени, а што се однесува до оние експертските, мора да се признае дека доминираат оние во кои се вели дека Мајкл Оливер не смеел да си дозволи со една одлука во судиското надополнување да го реши цело четвртфинале.

Но, една ситуација делуваше многу навредливо во текот на натпреварот, кога италијанскиот новинар Мино Тавери во новинарската ложа направи скандал откако со банкнота од 50 евра, со намера да покаже дека судијата бил потплатен направи тешка провокација спрема фановите на Реал Мадрид. Веднаш реагираше обезбедувањето и беше исфрлен од новинарската ложа, а веднаш потоа и од стадионот.

Facebook Коментари