Познат фудбалски судија се испроба како ди-џеј и направи феноменална атмосфера на фестивал во Германија (Видео)

ajtekin

Еден од најдобрите германски и европски судии, Денис Ајтекин се најде во центарот на внимание на пошироката јавност, а причината за тоа не се неговите одлуки на зелениот терен туку поради неговиот перформанс како диџеј на еден фестивал во својата земја.

Тој се опушти, излезе на сцена и крена на нозе околу 5000 посетители со помош на професионалниот диџеј Стив Нортон. Ајтекин во минатото има истакнато дека сака електронска музика и има професионална опрема, па ова му беше добар тест кој по се изгледа го положи.

Facebook Коментари