Поврзете се со нас

Франција

Познат француски новинар: Имам новост за одлуката на Мбапе!

Објавено

на

Килијан Мбапе ја стави во неизвесност цела спортска јавност, а посебно водечките луѓе на ПСЖ, но последните информации од Франција ни велат дека напаѓачот донел одлука која нема да им се допадне на „светците“.

Познатиот француски новинар Даниер Риоло кој работи за угледното „Радио Монте Карло“ тврди дека има многу важна новост поврзана за Мбапе, па иако таа ги става на готовс клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги, сепак напоменува дека очекува да има една голема пречка околу режирање на трансфер ова лето.

Риоло се повика на свои сигурни информации и порача дека Мбапе донел одлука да го напушти ПСЖ, па за тоа ги известил и водечките луѓе на клубот предводени од Ал Келаифи.

– Тоа што го знам е следното. Мбапе побара да си замине, но тоа ќе биде навистина комплицирано ова лето. Најпрво поради тоа што ќе треба да се пронајде клуб кој ќе издвои толку многу пари, а второ поради незадоволството на ПСЖ.

– Сепак, глава вест е дека не сака да остане, ако не си оди ова лето, ќе биде слободен наредното лето. Поради тоа, луѓето од Катар се плашат да ги слушаат неговите изјави, – порачува Риоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни