Светски првенства
Познат фаворитот за наследник на Хорват: Разговаравме и сум заинтересиран

Хрватската ракометна јавност е гневна на Хрвоје Хорват кој уште еднаш потфрли како селектор, па не донесе очекуван резултат и од Мундијалот во Полска и Шведска.
Целта на Хрватска беше пласман барем во четвртфиналето, но на крајот „каубоите“ ќе завршат како деветтопласирани.
Лошиот пласман, но и катастрофалното однесување на самиот Хрвоје Хорват, кој даде помалку скандалозно интервју за „РТЛ“, ќе ги натераат челниците на хрватскиот ракомет да му врачат отказ на стратегот кој не успеа да ги донесе посакуваните резултати за хрватскиот ракомет.
Јавноста во Хрватска сега шпекулира дека најсериозен кандидат за негов наследник е искусниот, Горан Перковац кој имаше одлична кариера како играч, но барем досега не водел клубови и репрезентации од врвно ниво.
Перковац чиј последен клуб беше Криенс потврди дека разговарал со челниците на Хрватскиот ракометен сојуз и дека е заинтересиран за селекторската позиција.
– Зборувавме пред неколку денови, но ништо конкретно. Заинтересиран сум, но се уште не се залетувам. Тоа е нормално, прво мора да се реши ситуацијата со Хорват.
– Секогаш сум подготвен да помогнам, но конкретни разговори со Управниот одбор и Сојузот се уште не сум имал, -изјави Перковиќ за „Индекс“.
-
Англијапред 13 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 21 час
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 24 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светпред 17 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Светски првенствапред 21 час
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
АТПпред 23 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Англијапред 14 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 17 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач