Поврзете се со нас

Италија

Познат епилогот од вечерниот состанок меѓу Раниери и Фридкин: Легендрниот Клаудио го прифатил главниот услов

Објавено

на

Foto:twitter.com/CagliariCalcio

Клаудио Раниери и дефинитивно по трет пат во кариерата ќе ја води Рома, откако оваа вечер си подал рака со Дан Фридкин, прифаќајќи го единствениот услов кој го поставил газдата на клубот.

Искусниот италијанскиот стручњак вчеравечер отпатува за Лондон со цел денеска да се сретне со американскиот бизнисмен, а како што можеше да се очекување, состанокот минал во пријателска и џентлменска атмосфера, по што двајцата си подале рака за усмениот договор.

Раниери прифатил да ја води Рома до крајот на сезоната и да има договор до јуни 2025-та година, по што потоа повторно ќе може да се врати во пензија, онаму кадешто реши да замине по крајот на минатата сезона.

Дан Фридкин поставил услов и му порачал на Раниери дека му е потребен на тимот само до крајот на сезоната, а во меѓувреме, клубот ќе може мирно и без брзање да го бира наследникот кој наредната сезона ќе го води новиот проект на „волчицата“.

„Скај Спорт Италија“, „Газета дело Спорт“ и други угледни италијански медиуми вечерва пренесоа дека Раниери без размислување го прифатил овој услов, па веќе утре ќе биде човекот кој ќе го води тренингот на Рома.

За Клаудио ова ќе биде трета етапа во римскиот клуб, каде претходно работеше од 2009-та до 2011-та, но и во 2019-та година како привремен тренер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни