Поврзете се со нас

Европски првенства

Познат е распоредот за квалификациите за ЕП: Првата пресметка ни е со Малта, завршуваме со Англија!

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација денеска ги доби ривалите за квалификацискиот циклус за Еропското првенство кое е на програмата во 2024 година.

Добивме тешка група во која се две супер моќну фудбалски велесили, две селекции кои играа во финалето на претходното ЕП-тоа се Италија и Англија. Освен нив тука се уште Украина и Малта што значи дека четата на Благоја Милевски ќе има пеколно тешка задача да дојде до добар резултат во оваа конкуренција.

Познат е „возниот ред“ за нашиот национален тим, па така во првата рунда во месец март ќе тргнеме против Малта на домашен терен.

Ова е конечниот распоред:

1.КОЛО – 23.03.2023: Македонија – Малта (20:45)
2. КОЛО – 26.03.2023: Македонија слободна
3. КОЛО – 16.06.2023: Македонија – Украина (20:45)
4. КОЛО – 19.06.2023: Англија – Македонија (20:45)
5. КОЛО – 09.09.2023: Македонија – Италија (20:45)
6. КОЛО – 12.09.2023: Малта – Македонија (20:45)
7. КОЛО – 14.10.2023: Украина – Македонија (15:00)
8. КОЛО – 17.10.2023: Македонија слободна
9. КОЛО – 17.11.2023: Италија – Македонија (20:45)
10. КОЛО – 20.11.2023: Македонија – Англија (20:45)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни