Поврзете се со нас

Македонија

Познат е распоредот на мечевите во Купот на Македонија

Објавено

на

Купот на Македонија оваа година ќе се одржи во Битола од 15. до 17. февруари, настан за кој веќе е одреден распоредот и сатниците за пресметките кои ќе се одиграа во салата „Боро Чурлевски“.

МЗТ Скопје, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар се екипите кои ќе се борат за пехарот во натпреварувањето кое го носи името на нашата легенда „Благоја Георгиевски-Буштур“.

На 15 февруари имаме термини од 12, 14:30, 17 и 19:30 часот, наредниот ден ќе се игра во 17:00 и 19:30 часот, додека финалето е закажано за в сабота од 18 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

15.ФЕВРУАРИ  (ЧЕТВРТОК)

12.00: (1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар

14.30: (4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

17.00: (2) Пелистер – (7) Феникс 2010

19.30: (3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030

ПОЛУФИНАЛЕ

16. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

17.00: Победник двојка 1 – победник двојка 4 (1)

19.30: Победник двојка 2 – победник двојка 3 (2)

ФИНАЛЕ

17. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

18.00: Победник 1 – Победник 2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни