Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Познат е првиот патник во финалето на ЛШ: Алборг го шокираше ПСЖ во Келн

Објавено

на

Ракометарите на Алборг направија големо изненадување и славеа над Пари Сен Жермен со 35-33 во првиот полуфинален меч на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите.

Данскиот претставник уште еднаш покажа дека игра квалитетен и борбен ракомет, односно дека не се откажува до самиот крај без разлика на минусот во кој се наоѓа. Имено Алборг првиот дел го заврши со негатива од 15-13, во второто полувреме потоа губеше и со пет разлика, ама покажа карактер, ги издржа најтешките моменти и чекор по чекор почна да се враќа во игра, да ја намалува предноста и со тоа да го зголемува притисокот врв противникот.

ПСЖ „пукна“ во финишот и на крајот остана без финале во елитното натпреварување.

Во второто полуфинале Барселона ќе се соочи со Нант на Кире Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни