Познат е првиот финалист на завршниот турнир: Федерер шокиран од Гофан во Лондон (Видео)

gofan

Давид Гофан направи огромно изненадување и го победи Рожер Федерер во полуфиналето на завршниот АТП турнир во Лондон.

Швајцарецот важеше за огромен фаворит поради формата, но и фактот што против денешниот противник имаше перфектен учинок во меѓусебните дуели од 6-0 и само два загубени сетови.

Меѓуто тоа не му пречеше на „малиот“ Гофан да дојде до првата победа против маестрото од Базел и тоа со пресврт со 2-1 во сетови.

Популарниот Федекс имаше фуриозен старт и првиот сет го доби со 6-2, по што сите помислија дека ова ќе биде уште една рутинска победа против овој противник. Така не размислуваше Гофан кој перфектно си ги одработуваше своите поени во продолжението, а по еднаш му го одзема сервисот на Рожер во вториот (6-3) и третиот сет (6-4) што беше доволно за големо финале во кое ќе се соочи со подобриот од битката меѓу Димитров и Сок.

Facebook Коментари