Поврзете се со нас

Македонија

Познат е планот на „црвено-црните“: Вардар ќе ги „запали моторите“ на 15 јули

Објавено

на

Македонскиот ракометен шампион, Вардар го објави планот за подготовки за натпреварувачката 2021/2022 година.

Новиот тренер на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ првата прозивка ќе ја направи на 15 јули во Скопје каде екипата ќе остане неколку денови и ќе се извршат лекарски прегледи и ќе се поработи на физичката подготвеност.

Потоа се заминува на Златибор каде од 19 јули до 29 јули ќе се извршат базичните подготовки пред вистонските предизвици.

Во месец август Вардар треба да учествува на турнирот во Струга и Хумел купот” во Магдебург со тоа што допрба треба да се прецизираат датумите и ривалите за да може да се планира учеството.

Исто така во овој месец момците на Вујовиќ ги очекува битка со ППД Загреб во четвртфиналето на СЕХА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни