Поврзете се со нас

Македонија

Познат е наследникот на Таневски: Бајрами е нов тренер на Македонија Ѓорче Петров

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров влезе во лоша резултатска серија во домашниот шампионат, а по последниот пораз од Брегалница во Штип тренерот Александар Таневски си поднесе оставка.

Оваа оставка беше прифатена од клубот кој денеска официјално го објави неговиот наследник-тоа е Муарем Бајрами. Бајрами добро го познава тимот со оглед на тоа што беше дел од стручниот штаб на Таневски.

Првиот предизвик за новиот тренер на „лавовите“ ќе биде веќе в среда и тоа против Академија Пандев во Купот на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни