Познат е наследникот на Сито Алонсо: Барселона со добро познато име ќе се обиде да ја спаси сезоната

pesic

Екипата на Барселона по низата на лоши резултати во тековната сезона конечно презема чекор и се ослободи од Сито Алонсо, a на негово место барем привремено го назначи Алфред Жулбе од Б тимот.

Жулбе ќе ја води Барса на денешниот меч од Евролигата против Макаби Тел Авив, но веднаш потоа своето место ќе му го остапи на Светислав Пешиќ. Оваа информација ја пренесуваат сите реномирани кошаркарски медиуми со тоа што се чека официјална потврда и објава од каталонскиот гигант.

Пешиќ иако одредено време беше во „аут“ поради здравствени проблеми се реши да го прифати повикот и да му помогне на клубот кој успешно го водеше во периодот од 2002 до 2004 година. Неговата задача е да се обиде да ја списи тековната кампања, додека пак великанот за следната година ќе се обиде да дојде до сегашниот предводник на Жалгирс, Шарунас Јасикевичиус.

Facebook Коментари