Италија
Познат е наследникот на Сари: Легенда на Јувентус ќе седне на клупата на Лацио

Маурицио Сари одлучи да се раздели со калчолигашот Лацио по поразот од Удинезе на „Олимпико“, пораз број пет на последните шест натпревари (сите натпреварувања) на екипата од италијанската престолнина.
Искусниот стратег крена раце, поднесе оставка по што стана јасно дека клубот ќе мора да најде соодветна замена, човек кој ќе разбуди тимот во продолжението од оваа сезона во која Лацио освен во Серија А има обврски и во Купот на Италија.
Според последните информации од Апенините, нов тренер на „бјанкочелестите“ ќе биде некогашниот фудбалер на Јувентус, Сиена и Хајдук, Игор Тудор. Хрватот многу добро го познава италијанскиот фудбал, долго време беше активен како играч, потоа и работеше како стратег во неколку клубови како Удинезе и Верона, плус му беше асистент на Пирло во Јувентус.
Се работи за 18 месечен договор со важност до јуни 2025 година со опција за уште една сезона. „Скај Спорт Италија“ пренесува дека Игор ќе почне со работа по ова коло, односно против Фрозиноне составот ќе го води Џовани Мартушело.
-
НБА22 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
Балкан20 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија10 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
НБА14 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција10 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Формула 121 час
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
Италија24 часа
Агентот на Камбијасо за нереализираниот трансфер во Сити: Се што објавија медиумите беше точно
-
Италија23 часа
Инѕаги за поразот од Фиорентина: Заслуживме да загубиме