Поврзете се со нас

Свет

Познат е наследникот на Кокошков: Ѓорѓевиќ седнува на клупата на Фенербахче

Објавено

на

Турскиот кошаркарски прволигаш Фенербахче го затвори најважното прашање и тоа околу наследникот на досегашниот предводник на тимот Игор Кокошков.

Кокошков одлучи да си замине за да одново биде дел од НБА лигата и тоа во Далас Маверикс, па поради тоа клубот од Истанбул беше во потрага по нов стратег, потрага која заврши со ангажман на Александар Ѓорѓевиќ.

Ѓорѓевиќ кој во изминативе две години беше дел од Виртус Болоња му кажа „ДА“ на Фенер и ќе го води истиот во наредните три сезони. Ова за за популарниот Сале ќе биде прв предизвик во Турција, досега како тренер има работено во Италија, Грција, Германија, а беше и селектор на српската репрезентација во периодот од 2013 до 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни