Поврзете се со нас

Свет

Познат е наследникот на Јоноски: Лазаров ќе го води Интерактив Хендбол

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Лазаров и официјално е именуван за нов тренер на германскиот тим Интерактив Хендбол.

Интерактив Хендбол кој претходно го имаше името Ратинген е добро познато место за Лазаров со оглед на тоа што во овој клуб ја заврши играчката кариера, а потоа работеше и како тренер. Сега Филип добива шанса да ја води првата екипа и тоа на местото на Ацо Јоновски со кого клубот се раздели во месец јуни.

-Ние сме многу среќни и апсолутно убедени во ова решение до кое дојдовме по многу дискусии. Сите вклучени се познаваат и се ценат. Покрај тоа тие го носат потребниот квалитет за да ги постигнеме нашите цели.

-И Филип и Али имаат големо искуство и се многу ценети. Со огледа на тоа што Филип е задолжен за тренинзите од почетокот на подготовките, ова ќе биде непречена транзиција, -порача директорот Бастијан Шилеркамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни