Поврзете се со нас

Репрезентација

Познат е наследникот на Ѓоровиќ: Ашаданов ќе ја води женската кошаркарска репрезентација

Објавено

на

Младиот македонски кошаркарски стручњак, Александар Ашаданов (32 години) е именуван за нов предводник на женската сениорска репрезентација на Македонија.

Тој ќе го заземе местото на Владимир Ѓоровиќ или поточно треба да ја продолжи неговата работа ако се има предвид дека беше дел од стручниот штаб што значи дека добро знае со што располагаме во овој момент. Пред нашата репрезентација е циклусот на квалификации за Европското првенство каде за ривали ќе ги имаме Германија, Белгија и Босна и Херцеговина што значи дека пред Ашаданов е сериозна задача, предизвик да го извади најдоброто од девојките.

-Чест и задоволство е да се биде селектор на една репрезентација, уште поголема ако станува збор за својата земја. Огромна благодарност до раководството на кошаркарската федерација кое одлучи да ме назначи за селектор на сениорките. Ова е голем предизвик за мене како тренер, а предизвиците отсекогаш биле мојата енергија и мотивација. Иако сум запознаен со целосната ситуација во женската кошарка кај нас и на тоа се додаде групата на нашата репрезентација, сепак сум голем ентузијаст и верувам во квалитетот на нашите репрезентативки, -рече Ашаданов откако ја доби довербата од македонската кошаркарска федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни