Поврзете се со нас

Македонија

Познат е наследникот на Ѓока: Шкендија го врати Акраповиќ во Тетово

Објавено

на

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија го одреди наследникот на Ернест Ѓока кој беше отпуштен откако клубот забележа лоши резултати во европските натпреварувања во изминатиов период.

„Црвено-црните“ се одлучија за проверено решение и во Тетово во вратија босанскиот стручњак Бруно Акраповиќ. Акраповиќ со успех ја водеше Шкендија во натпреварувачката 2015-2016 по што си замина од оваа функција и беше дел од тимови од Балканот како РНК Сплит, Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија.

Договорот на Бруно со тетовци е на една година со можност соработката да биде продолжена ако двете страни се задоволни од тоа што ќе биде сработено и остварено.

-Доаѓам овде со позитивни импресии. Имам многу пријатели што ги оставив кога си заминав и со кои сега повторно се среќаваме, задоволство е да се видат старите познаници. Позитивно гледам на иднината, Шкендија ќе ги има посакуваните резултати, -порача Акраповиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни