Поврзете се со нас

Македонија

Познат е кошаркарскиот календар: Во октомври играат Работнички – МЗТ Скопје!

Објавено

на

По состанокот помеѓу претставниците на Здружението на клубови од Првата лига-мажи, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ и раководството на КФСМ, кошаркарската федерација испрати информација до медиумите дека се утврдени системот, календарот и распоредот за натпреварување во натпреварувачка сезона 2022/2023 година.

Повикувајќи се на член 10 од Правилникот за натпреварување во сениорските лиги, системот за натпреварување во Првата лига-мажи е усвоен со мнозинството на гласовите.  Измените се образложуваат со ситуацијата поради пандемијата од „Ковид-19“, која се уште е актуелна, наспроти се поизвесната енергетска криза, со цел намалување на трошоците на екипите.

Во пракса, тоа значи настап на 12 екипи, со 11 натпревари на домашен и 11 натпревари на гостински терен, по принцип „секој со секого“ (ФИБА – Бергер). Есенскиот дел на првенството ќе започне на 8 октомври и ќе трае до 24 декември, додека втората половина треба да започне на 21 јануари 2023 година и да трае до 22 април.

Меѓу другите одлуки, усвоено е преодниот рок за сезоната 2022/2023 да заврши заклучно со 01.03.2023 година.

За нов претседател на здружението на клубовите од Првата лига-мажи избран е претставникот на КК „Гостивар 2015“, Стојмир Дејаноски.

Истовремено, промовиран е и Прирачникот „Стоп за насилство и недолично однесување на кошаркарските терени“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни