Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Познат датумот кога ќе продолжат натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа

Објавено

на

УЕФА уште пред одреден период им даде јасна задача на лигите да бидат завршени до крајот на месец јули.

Потоа би требало да продолжат натпреварите од европските купови, Лигата на шампионите и Лига Европа.

Дел од реванш натпреварите останаа недоиграни, па се верува дека истите ќе се одиграат на почетокот на август, а натпреварувањата треба да завршат до крајот на месецот.

„Марка“ пренесува дека осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите ќе се одиграат на 7 и 8 август, додека Лига Европа ќе продолжи на 9 август.

Сепак, се уште не е донесена финална одлука за тоа кога и како ќе се продолжат овие натпреварувања. Од УЕФА јасно дадоа предност да се одиграат првенствата, а во зависност како ќе се одвива сето тоа ќе се знае дали ќе продолжи и Лигата на шампионите и Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни