Познат американски новинар со загрижувачки вести за рамото на Ѓоковиќ

novak-ramo

Новак Ѓоковиќ важеше за главен фаворит за титулата на Ју-Ес Опен пред стартот на последниот грен слем турнир во годината, но сепак работите драстично се закомпликуваа за светскиот рекет број еден, не само поради повредата која ја заработи, туку и поради фактот што титулата ја освои Рафаел Надал.

Шпанецот го освои својот четврти трофеј на Ју-Ес Опен и му се приближи на Новак на само 640 бодови, а тоа значи дека и без игра може да дојде до првото место на АТП листата, со оглед на тоа што не брани ниту еден поен до крајот на сезоната, а Новак брани дури 2600. Работата е далеку посложена од едноставна причина што голема непозната е дали Новак воопшто ќе може да настапи до крајот на оваа календарска сезона, а во моменти кога многу работи се вистинска мистерија, се јави познатиот новинар на „Њујорк тајмс“.

Новинарот Кристофер Клери пренесува дека Новак во овој момент подлежи на конзервативна терапија која треба да му ги реши проблемите со рамото поради кои му го предаде мечот на Вавринка, но не се исклучува ниту најлошото сценарио доколку овој третман не вроди со плод.

– Новак може да отсуствува и многу подолго време ако дојде до момент да мора да прави операција, – пишува Клери во својата вест која брзо ја обиколи светската спортска јавност.

Ако ваквата најава на американскиот новинар се обвистини, Новак со сигурност ќе го загуби првото место на АТП листата, но што е уште полошо, ќе биде неизвесен за настап и на Австралија Опен на стартот на 2020 година.

Facebook Коментари