Поврзете се со нас

Шпанија

Позитивни вести за Барселона: Чави доби две засилувања за дуелот со Гранада

Објавено

на

foto:twitter.com/mterstegen1

Барселона е домаќин на Гранада во последниот меч од денешната програма во шпанската Примера, пресметка пред која актуелниот шампион доби две позитивни, убави вести.

Познато е дека каталонците се соочуваат со доста проблеми кога се во прашање повредните играчи, но сега тој список е намален за две имиња, голманот Марк Андре Тер Штеген и офанзивецот Рафиња.

Тер Штеген кој е еден од најважните, највлијателните во екипата поради проблеми со грбот беше недостапен 17 натпревари и неговото отсуство дефинитивно се чувствуваше иако Ињаки Пења направи се за да биде достојна замена.

Рафиња пак беше надвор од терените од пресметката со Осасуна, поточно од полуфиналето на Супер Купот на Шпанија. Бразилецот и Германецот сега се фит и му се на располагање на тренерот Чави Ернандес кој денеска нема да смета на искусниот Ориол Ромеу.

Покрај Ромеу недостапни се Гави, Балде, Торес, Роберто, Феликс, Алонсо и Роке кој паузира поради добиениот црвен картон против Алавес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни