Поврзете се со нас

Шпанија

Позитивен тест за коронавирус во редовите на Атлетико Мадрид

Објавено

на

Диего Симеоне има еден класичен лев бек на располагање пред евентуалното продолжение на сезоната, а тој денеска имал позитивен тест на коронавирус.

Се работи за Ренан Лоди кој според бразилски „Глобоеспорте“ имал симптоми уште во март, но дури сега бил тестиран, по што е утврдено дека е заразен со опасниот вирус.

Атлетико Мадрид сега ќе мора да чека најмалку две недели пред Лоди да добие зелено светло да излезе од карантин, а тоа нема да му се допадне на неговиот тренер во ситуација кога се повеќе информации велат дека Ла Лига дефинитивно ќе продолжи.

Ла Лига досега не потврди ниту еден позитивен тест од прволигашките клубови, но дел од медиумите велат дека веќе имало пет такви случаи, кои дополнително ќе бидат потврдени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни