Позитивен старт за Војдан и Бујукчекмече во Турција

vojdan prodor

Војдан Стојановски и неговиот нов тим Бујукчекмече на позитивен начин со победа ја стартуваа новата сезона во турскиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец и неговите колеги славеа на домашен терен против составот на Сакарија Бујукшехир со 71-64. Домашните играчи во последниот период влегоа со негататива од три поени (52-49), но добрата одбрана и квалитетната игра во нападот (22-12) овозможија да го свртат резултатот и да дојдат до првите два бода.

Стојановски постигна 7 поени со 3 скокови, најефикасен беше пан Вокер со 18 поени, 4 скокови и 9 асистенции. Во следното коло бекот и Бујукчекмече се гости на Истанбул ББ.

Facebook Коментари