Позитивен старт на втората фаза: Македонија по голема борба ја освои Приштина

trajkovski

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација забележа победа над Косово од 76-73 во првиот меч од втората фаза од претквалфикациите за Европското првенство во 2021 година.

Нашите кошаркари по голема борба ја добија пресметката со Приштина и на тој начин дојдоа до посакуваниот старт, резултат пред натпреварот со Романија кој овој викенд го играме во Скопје. Избраниците на Јорданчо Давитков беа подобар противник во најголемиот дел од средбата, но не успеаа докрај да го скршат домаќинот, па така влегоа во една неизвесна завршница во која имавме и малку среќа, меѓутоа ако се собере се ова е сосема заслужен триумф на „црвено-жолтите“.

Трајковски со дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скокови беше наш најистакнат играч, Стојановски уфрли 15, додека Хендрикс на 10 кошеви додаде 12 скокови.

Кај Косово блескаше Бериша со 32 поени.

Facebook Коментари