Поврзете се со нас

Шпанија

Пожртвуваниот Валверде расчисти опасност, па беснееше на себичен соиграч на гостувањето во Мајорка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Феде Валверде често знае да биде коректор на своите соиграчи кои играат поофанзивно и со својата пожртвуваност ги воодушевува навивачите на Реал, кои сега го истакнуваат потегот на Уругваецот од вчерашниот меч со Мајорка.

Играчот за врска игра извонредно во двата правци и не се штеди кога е во прашање и играта во одбрана, а најчесто до израз доаѓа неговата брзина која е кошмар за ривалите.

Валверде вчера расчисти една контра на Мајорка која ја иницираше Брахим Дијаз со непотребно претерување и солирање, но откако го направи тоа, Феде му одржа лекција на поранешниот играч на Милан.

Со текот на години, Валверде прерасна во еден од лидерите на Реал и неговиот глас се повеќе се слуша на теренот, па така новајлијата мораше да ги слуша критиките од Феде за непотребните дриблинзи.

Шпанските специјализирани емисии го пренесоа овој момент и ставија посебен акцент на истиот, а со самото тоа видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни