Поврзете се со нас

Шпанија

Пожртвуваниот Димитриевски со извонредна одбрана спречи чист гол на Севилја (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Рајо Валјекано никако не може да влезе во ритам оваа натпреварувачка сезона и полека падна во вториот дел од табелата во Ла Лига, иако мора да се напомене дека е во сигурна зона и засега далеку од борбата за опстанок.

Тимот од мадридското предградие денеска играше против Севилја на домашен терен и атакуваше на триумф против грогираниот шпански великан, кој сепак вечерва излезе како поуспешен на „Валјекас“.

Рајо имаше повеќе од играта и создаде доста шанси за гол, но далеку поефикасни беа гостите, или поточно Ен Несири кој беше стрелец на двата гола за тимот на Кике Санчес Флорес.

Најдобриот играч на Севилја го отвори резултатот во 19-та минута и го предизвика Рајо, кој успеа да одговори десет минути подоцна и преку Иси Паласон израмни на 1:1.

Во оваа фаза од мечот, најдобриот потег го изведе Столе Димитриевски кој со пожртвувана одбрана спречи нова предност за Севилја, но сепак до крајот на првиот дел не можеше по вторпат да го спречи Ен Несири.

Столе во првата ситуација храбро излезе и спречи чист гол на Ен Несири, но во финишот од првото полувреме немаше решение за контрата на гостите.

Македонскиот чувар на мрежата имаше уште една клучна одбрана во вториот дел, а Рајо не успеа да направи доволно за да дојде барем до израмнување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни