НБА
Пожарот ја проголтал куќата на тренерот Редик, НБА го одложи дуелот Лејкерс-Шарлот
Страшниот пожар во Лос Анџелес досега уништи многу куќи и објекти и со својот интензитет предизвика голема паника меѓу жителите, а имуни на катастрофата не останаа ниту големите спортски имиња.
Медиумите веќе пренесоа дека дел од холивудската елита остана без своите луксузни вили во Калифорнија, но тоа се случило и со домот на тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик.
„ЕСПН“ пренесе дека куќата на предводникот на НБА екипата денеска целосно изгорела, со што Редик и неговото семејство се нови жртви на вонредната ситуација. Редик и неговите најблиски беа евакуирани од областа каде живееја уште пред неколку дена, а денеска стигнала уште една лоша вест за тренерот на Лејкерс.
Речиси истовремено, поради огнената стихија, НБА донесе одлука да го одложи натпреварот меѓу Лејкерс и Шарлот.
Во своето соопштение, НБА испрати поддршка и благодарност за пожарникарите и волонтерите кои се борат со огнот низ Ел-Еј, а засега не е јасно кога двете екипи ќе го одиграат овој одложен натпревар.
-
Англија18 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП12 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија11 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија10 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија20 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија15 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)