Лига на шампиони
Пожар на „Итихад“ ги вознемири фановите на Сити пред клучниот меч во ЛШ (Видео)

Манчестер Сити вечерва игра клучен меч со Клуб Бриж за пласман во бараж сегментот во Лигата на шампиони, фаза која актуелниот англиски првак мора да ја птоврди ако сака да избегне големо разочарување.
Сити се стави во ситуација да не биде меѓу 24-те најдобри екипи по седум комплетирани рунди, па единствена добра вест за Пеп Гвардиола е тоа што неговиот тим и натаму зависи сам од себе.
„Граѓаните“ со било каква победа над Клуб Бриж ќе обезбедат место во плејофот, но пред да дојде до главните возбудувања на теренот, дел од навивачите на Сити се соочиле и со мали непријатности пред стадионот.
Имено, во увертирата за натпреварот избуванл пожар пред „Итихад“ откако се запалил еден монтажен фан-шоп на клубот, па морало да има брза и итна реакција од пожарникари за да се спречи поголема несреќа.
Како што информираат медиумите од Англија, пожарот брзо бил локализиран и изгаснат од страна на службите, што значи дека натпреварот ќе започне во стандардниот и предвидениот термин од 21:00 часот.
A fire has broken out directly outside the Etihad Stadium tonight.
🎥 @JamAntonioTV pic.twitter.com/mXKjnvkV7x
— City Xtra (@City_Xtra) January 29, 2025
A closer look at the fire at the #ManCity Merchandise stand at the Etihad Stadium. 😳 pic.twitter.com/L3Xm0OEvOt
— City HQ (@City_HQs) January 29, 2025
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот